Станков: Обдукцијата на загинатите очекувам да заврши до утре, цел бугарски Институт работи на жртвите од автобуската несреќа

Од:

Утрово во обдукција на телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија се вклучи и тричлениот тим вештаци од Македонија предводен од Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика. Обдукцијата на телата е почната од вчера, но на македонскиот тим му било дозволено да влезе денес оти се чакала писмена потврда од oбвинителот.

„Ни дозволија влез во салата каде што се прави обдукцијата. Ние само ја набљудуваме постапката, работи бугарскиот тим и немаме забелешки за она што досега го видовме. Обдукцијата е почната вчера, а во работата е вклучен целиот  Институт и очекувам до утре да заврши“, изјави директорот Станков за „А1он“.

Истовремено со обдукцијата која се прави во Бугарија, кај нас во Институтот за судска медицина се прибира ДНК материјал од роднините на загинатите. Директорот Станков вели дека голем дел од материјалот е веќе собран.

„ДНК материјалот ќе се обработи во нашиот Институт и податоците ќе бидат доставени до бугарскиот. Колегите овде ќе ги споредат податоците со телата на починатите за да се идентификуваат жртвите. Материјалот се уште не е целосно собран, но очекуваме денес до крајот на денот роднините на загинатите да ни достават материјал“, рече директорот Станков.

За сите податоци од обдукцијата директорот Станков посочи дека треба да се чека официјалниот извештај. Станков не сакаше да каже на колку вкупно тела се прави обдукција по вчерашните изјави на неговите бугарски колеги дека претпоставуваат дека се работи за 45 жртви.

Автобуската несреќа во која според досегашните официјални информации загинаа 45 лица, а седуммина преживеаја се случи вчераутро на магистралниот пат Струма во Бугарија кога автобус на „Беса транс“ се запали на враќање од Истанбул.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021