Стабилна состојбата со браните од хидросистемот „Брегалница“

Од:

Состојбата со акумулациите од хидросистемот „Брегалница“ е стабилна, а се преземаат мерки да се спречи излевањето на водата од речните корита.

Во моментот во браната Калиманци се акумулирани 98 милиони метри кубни вода, а просечниот доток од реката Брегалница е 28 метри кубни во секунда. Поради најавите за нови врнежи од дожд и топењето на снегот, превентивно се испуштаат по околу 12 милиони метри кубни, за да може да се амортизира зголемениот доток.

Во акумулацијата Мавровица има 2,3 милиони метри кубни, додека Гратче е полна и се прелеваат по околу два метри кубни вода во секунда.

Се расчистуваат и речните корита и каналската мрежа од страна на екипи на водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани.

– Ангажирани се три машини за ископ на каналите за наводнување и одводнување и досега работата е завршена со околу 50 отсто од планираното. Истовремено, работиме на зајакнување на речните брегови, особено на реката Масалница, каде дојде до попуштање и излевање на водата, но за среќа поплавени се мали земјоделски површини, истакна директорот на водостопанската подружница „Брегалница“, Дени Митров.

Целосно е санирана состојбата со Зрновска Река која на почетокот на февруари се излеа и поплави овоштарници и ниви, а се работи и на чистење на коритото на Градечка Река. Земјоделците се задоволни од брзата реакција на вработените во водостопанската подружница.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Надлежните предупредуваат: Водата во Гостивар не е безбедна за пиење и за употреба

Горан Наумовски

Водата во Валандово да се користи само како техничка вода, поради присуство на арсен

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево