ССНМ: Работните права во медиумите застапени на ниво на статистичка грешка

Од:

Синдикалните права и правата од работен однос се застапени во македонските медиуми на ниво на статистичка грешка од само 3,5 проценти, покажува мониторингот на известувањето на медиумите спроведен од страна на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) спроведен во период од февруари до април 2017 година.

– Во временски периодот од трипати по една седмица или во текот на 21 ден во седумте медиуми што беа следени објавени се вкупно 2.818 новинарски содржинии, поточно текстови или ТВ-прилози, од кои само 100 се однесуваат на темите во интерес на овој мониторинг. Покрај тоа што медиумите речиси и да не известуваат за овие прашања, кога ќе отворат вакви теми, тоа е најчесто површно информирање на јавноста, без да се навлегува во анализа, велат од ССНМ.

Оттаму посочуваат дека во анализирани биле и одделните теми што ги опфаќаат овие 100 новинарски производи и резултатот е дека дури 46 проценти од нив, што и во апсолутна бројка е 46 текстови или прилози, се однесуваат на правото на плата, 16 отсто информираат за теми поврзани со безбедноста при работа, по 13 отсто ги третираат дискриминацијата и условите за работа, а мобингот, годишниот одмор и отказите се јавуваат во по само три отсто новинарски производи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

ССНМ бара зголемување на минималната плата како начин за зачувување на слободата на медиумите и дигнитетот на новинарите

ССНМ предупредува на непрофесионалниот однос на организаторот кон новинарите на прославата на Илинден на Крушево

Катерина Ѓуровски