ССНМ: Медиумите да обезбедат услови за заштита на новинарите од коронавирусот

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) апелира до сопствениците на медиумите во Македонија да се придржуваат до препораките на Владата и на Министерството за здравство кои се однесуваат на заштита на вработените од коронавирусот.

-ССНМ апелира сопствениците на медиуми без никакви приговори да ја почитуваат препораката на владата за ослободување од работните обврски (платено отсуство) на еден родител на дете до 10 години (4-то одделение) или на постари деца со попреченост, според соодветната документација која вработениот според препораките треба да ја достави. ССНМ има информации дека во одредени медиуми на новинарите и медиумските работници кои побарале ослободување од работните обврски им било нудено да си земат денови од годишен одмор, што сметаме дека е крајно нефер однос, и крајно неодговорно во дадената ситуација, се вели во соопштението од ССНМ.

Од Синдикатот потсетуваат дека министерот за здравство, Венко Филипче повеќепати потенцирал дека оваа препорака е задолжителна и за приватните компании.

-Истовремено, ги повикуваме сопствениците на медиуми да им овозможат соодветни услови за работа на новинарите и медиумските работници во новонастанатата ситуација и каде што е возможно да им овозможат работа од дома, а во редакциите да овозможат соодветна дистанца помеѓу вработените од 1,5 до 2 метри како што налагаат препораките, велат од ССНМ.

Здравјето на работниците, додаваат оттаму, треба да е приоритет на секоја компанија и одговорност на секој од нас поединечно. Истовремено, од ССНМ апелираат и до новинарите и медиумските работници да бидат крајно внимателни при извршувањето на своите работни обврски и да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски