ССНМ: Исфрлањето на новинарите од парламентот е досега непознат преседан

Од:

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници бара итно да им се овозможи непречен пристап на колегите во Собранието за да можат да ги извршуваат своите професионални задачи.

Затворање на собраниска седница и насилно исфрлање од страна на полицијата и обезбедувањето на новинарските екипи од вообичаените просториите од каде се следат седниците на парламентот значи нивно попречување на работата и нивниот професионален ангажман, а воедно значи забрана за вистинито и објективно информирање за настаните кои ја засегаат јавноста.

Работата на собраниските известувачи е нивна професионална обврска и задача и поради тоа ги повикуваме институциите да им овозможат на новинарите, снимателите и фоторепортерите да им овозможат да ја извршуваат својата работна задача.

Исфрлањето на новинарските екипи од парламентот во моментот кога таму се случува настан од интерес на јавноста е досега непознат преседан за новинарската професија.

Доколку на медиумите не им биде овозможено непречено да ја извршуваат својата работна задача ССНМ ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни организации за заштита на новинарите .

Воедно ги повикуваме колегите да информираат професионално, точно и вистинито во интерес на јавноста и граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува