ССНМ и ЗНМ ќе ја информираат меѓународната јавност за исфрлањето на новинарите

Од:

ЗНМ е згрозен од настанот во Собранието, кога новинарите беа исфрлени од галеријата на собраниската сала, со што им беше оневозможено да ги извршуваат своите задачи и да за информираат јавноста, реагираа претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, пред Собранието, заедно со Тамара Чаушидис, претседателката на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија (ССНМ). Тие побараа на новинарите да им се дозволи да ги ги извршат обврските.

– Ова е претседан, новинарите беа тука за да ја информираат јавноста а беа грубо попречени во работата. Ова е прекршување на правото на јавноста да биде информирана – рече Чаушидис.

– Треба да се замислат политичарите каква слика се праќа на меѓународната заедница. Новинарите во оваа ситуација беа искористени за политички пресметки – рече Селмани.

Чаушидис потенцираше дека двете новинарски тела ќе ги информираат меѓународните институции за денешните настани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

МИМ и ЗНМ го претставија новиот Кодекс на новинарите: ВИ може да помогне, но никогаш нема да биде новинар

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“