Српскиот патријарх Иринеј прифати разговори со МПЦ

Од:

Српскиот патријарх Иринеј изјави дека Српската православна црква прифаќа разговори со Македонската православна црква, но по канонските принципи и во согласност со порнешните меѓусебни договори. Притоа потсетува на Нишкиот договор од 2002 година кој СПЦ го прифатила, а од македонска страна е оценет како работен документ што нема обврзувачки карактер.

– Нашата желба е да разговараме, но по канонските принципи од кои нема отстапување и во согласност со договорите кои претходно ги имавме, вели поглаварот на СПЦ во изјавата за Танјуг.

Спорот меѓу двете цркви се актуелизира со посетата на српскиот претседател Томислав Николиќ на Македонија и неговата изјава дека е подготвен лично да се ангажира СПЦ да ја признае афтокефалноста на МПЦ, поставувајќи го како предуслов ослободувањето на Јован Вранишковски.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, вчера изјави дека предлогот на претседателот Николиќ да се надминат меѓуцрковните проблеми заслужува да биде поздравен и да се почитува, иако во кругот на самата српска црква веќе се поделени мислењата за тоа кои го поддржуваат и кои се против неговиот предлог.

„Што се однесува на МПЦ, сметаме дека секој добронамерен предлог што би ги поместил состојбите во кои се наоѓаме треба да се поздрави. И во многу други случаи кога самата Српска црква се борела за своето обединување, делегацијата на СПЦ што била во Константинопол ја предводело цивилно лице, министер во владата на тогашна Србија. Тоа со други зборови значи дека и денес не треба да се отфрлаат предлозите од цивилни лица, од претседатели, кои се добронамерни со своите предлози. Ние очекуваме тој предлог веројатно да биде простудиран и во кругот на СПЦ, а секако и кај нас во МПЦ“, истакна г.г.Стефан.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски