Српски медиуми: Пропадна обидот на опозицијата да ја урне Владата на Заев

Од:

„Пропадна обидот на опозицијата за уривање на Владата на Зоран Заев“, „Северна Македонија: Без гласање за доверба на Владата, недостасува кворум“, „Како пропадна обидот на опозицијата за уривање на Владата на Зоран Заев: Еден пратеник не дојде во Собранието…“, „Владата на Заев не е соборена, опозицијата тврди дека власта киднапирала пратеник“, „Пропадна гласањето недоверба на Владата на Северна Македонија, се останува исто“…, се главни денешни наслови во српските медиуми по синоќешната политичка разврска во Собранието во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

Како и сите изминати денови по локалните избори и оставката на премиерот Зоран Заев, српските медиуми, секојдневно ја информираа јавност за „можноста за паѓање“ на коалициската Влада на Заев и комбинаториките околу политичката разврска за нова влада или нови парламентарни избори, а вчера немаше медиум кој детално, од час на час, до доцна во ноќта, не ги пренесуваше политичките збиднувања поврзани со гласањето недоверба на Владата во Собранието.

Танјуг, повикувајќи се на МИА, јави дека претседателот на Собранието, Талат Џафери доцна синоќа ја заврши собраниската седница на која требаше да се гласа за доверба на Владата, на иницијатива на опозицијата и дека поради немање кворум дневниот ред не можеше да се усвои и да се отвори гласање за доверба на Владата.

– Џафери седницата ја закажа откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата. Опозицијата остана пократка за еден глас за кворумот кој требаше да овозможи гласање за доверба на Владата на Зоран Заев, бидејќи пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, во текот на денот „исчезна“, наведе Танјуг.

Агенцијата Бета го цитира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, кој ја обвини власта дека „ја згазила демократијата“ и „киднапирала пратеник“ за да не се изгласа недоверба на Владата.

Бета го пренесува и координаторот на пратеничката група на владејачката СДСМ, Јован Митрески дека Кастриот Реџепи „бил под притисок од оние кои обвинуваат за притисоци“ и посочи дека постојното парламентарно мнозинство ќе продолжи да расте.

– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во последните денови еуфорично испумпува невистини дека има 61 пратеник за недоверба кон власта. Мицоски го излажа народот. Нема ново мнозинство во Собранието, ја пренесува Бета изјавата на Митрески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Од организатори на кафеански прослави на Ковачевски за 420 илјади евра, до главен пиар на СДС, Рејтинг на Спасов си ги одработува тендерите

СДСМ: Горда Македонија со понижени работници, ВМРО-ДПМНЕ сака евтина работна сила

Имотот на Јанушев СДСМ го поврзува со кинеските автобуси: За седум години сигурно ќе го затворевте ако имаше криминал одговори ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

„Колената го болат за во авион, ама не и за на Водно“, „Со владиниот авион одевте до Ниш“ – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се пресметуваат за патувањето во Вашингтон

Катерина Ѓуровски

Собранието ќе избира заменици министри

Демант и реакција на Агенција Рејтинг на соопштенијата и прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ