Првите луѓе на Медиа принт Македонија (МПМ), управителот Срѓан Керим и директорката Јана Станисављева, денеска се на распит во Специјалното јавно обвинителство. Двајцата денес на пладне се повикани да дадат исказ во рамки на истрагата.
Неофицијално, тие се повикани како сведоци во истрагата што ја води обвинителството за финансиските злоупотреби во компанијата на тогашните први луѓе, во чија сопственост беа весниците „Дневник“,„Вест“ и „Утрински весник“.
Васко Маглешов