Срѓан Керим ја повлече тужбата против дневниот весник „Фокус“

Од:

Адвокатската канцеларија „Софрониевски“ попладнево соопшти дека сочувствувајќи со семејството на трагично загинатиот сопственик на дневниот и неделен весник „Фокус“, Никола Младенов, од нивниот клиент Срѓан Керим е овластена во целост да ја повлече тужбата за дневниот весник “Фокус” поради текст во кој се пренесуваат извадоци од српскиот портал „Е – новине“, а кој се однесува на продажбата на МПМ.

Првото рочиште, на кое не се појави актуелниот претседател на Управниот одбор на МПМ, Срѓан Керим, се одржа точно пред една недела, на 25 март, кое го следеа претставници на новинарскиот синдикат, како и претставници на американската амбасада, а следното беше закажано за 7 мај.

Ова беше и едно од првите рочишта откако стапи на сила Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, каде највисоката сума за нематеријална штета што може да биде досудена е 27.000 евра.

Сега за Фокус остануваат три од новите тужби, од кои со една се бараат 25.000 евра, или со сите три заедно  од Фокус се бараат над  50.000 евра.

Би можело да ве интересира

Дисциплински мерки за несоодветно постапување на полициски службеници со новинарка од Фокус

ЗНM: Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков

А1он

Керим: Достапен сум за сите, па и за СЈО

Ана Ололовска

Керим и Станисављева недостапни за СЈО

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Керим по распитот во СЈО: Ќe кажеме се кога ќе дојде време

Ана Ололовска

Срѓан Керим пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска