Среќен роденден, Никола!

Од:

Денеска, Никола, Tи честитам за погребената храброст… Денеска, Никола, Tи честитам за продуцирањето младина зависна од буџетска плата… Денеска, Никола, Ти честитам во име на оние кои тајно шепотат дека се против тебе… Денеска, Никола, Ти честитам за секој грам асфалт, брашно, масло, гориво…

Денеска ,Никола, Ти честитам за секој тон омраза… Денеска, Никола, Ти честитам за секој долг… Денеска, Никола, Ти честитам за вештите манипулации… Денеска, Никола, Ти честитам за уништените сни…

Денеска, Никола, Ти честитам за Тамара, Мартин и уште многумина други… Денеска Никола се’ уште Ти честитаат заради функцијата… Денеска, Никола, направи си резиме на Твојата работа. Веројатно во овие четириесет и неколку што ги имаш, а сигурно ги имаш; барем добри десетина години не си бил ваков Никола… Сети се на тоа време… Денеска, Никола, функцијата Те (по)троши… Денеска, Никола, не тркај се со никого…

Не оди по градови. Не влегувај во мерцедесот. Исклучи го телефонот. Одбивај ги повиците од кинезите. Кажи му на Миле дека денес може да е на „Ти“ со Тебе. Замини порано до работа. Денеска игнорирај дека си Некој. Позајми пари од пријател и оди плати ја струјата.

„Скокни“ до маркетите и направи набавка за неделата. И замисли дека имаш минималец. Околу осум илјади. Вкупно… Денеска, Никола, остави некој нека Ти се развика без да стравува од последиците. Денеска, Никола, во домот води дебата со шепотење. Денеска, Никола оди кај некој од послушните лекари.

Секако, ако навреме, уште лани закажа „свој термин“… Денеска, Никола, побарај од послушните архитекти да Ти проектира нов дом од гипс-картон… Денеска, Никола, замисли какви ќе бидат оние кои Ти кажаа: „Шефе, нека Ти е среќен“, кога нема да бидеш премиер. Денеска, Никола не се јавувај за добивање пасош преку ред…

Денеска, Никола биди само Никола од соседството. Но, Ти, Никола, одамна немаш допир со реалноста, немаш соседство, немаш пријатели. Затоа, денеска, Никола биди по теркот на тие кои ги величаш. Денеска,Никола, кај и да славиш и со кого и да си, аналните алпинисти и денес ќе те излажат: „газиш Шефе“. Ама, денеска, Никола не зборуваме за кампања, гласови , политика. Денеска, Никола, само посакај си специјален обвинител. „Објективен да биде“, посакај. Оттука, почнува спасот на Твојата душа, сето останато е минливо… Среќен роденден, Никола! Стокхолмскиот синдром започнува да зема сериозен замав. Те почитуваат Твоите, заложниците…

Дејан Блажески

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска