Средбата Заев – Ципрас во фокусот на грчките медиуми

Од:

Учеството на Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос и средбите со Зоран Заев и Кристин Лагард, се главните теми во грчките медиуми во изминатите 24 часа. Паралелно со заминувањето на грчкиот премиер во швајцарскиот зимски ски центар, во Грција, јавува дописникот на МИА од Атина, не запира дебатата околу протестите за „одбрана на името Македонија“, но со несмален ритам продолжуваат и препукувањата меѓу владејачката СИРИЗА и опозициската Нова демократија во однос на прашањето за името.

„Денес одлучувачката средба Ципрас – Заев“; „Време е за македонското прашање во смрзнатиот Давос“; „Предлозите на Нимиц на средбата Ципрас – Заев“; „Во снежниот Давос, се одлучува за скопското прашање“;„Момент на вистината за скопското прашање“; „Ципрас – Заев во снежниот Давос: Ќе се стопи ли мразот за името на Скопје?“, се само дел од насловите во грчките медиуми во најавата и анализите за денешната средба на двајцата премиери на маргините на форумот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Ципрас: Дилемата на изборите е демократија или Мицотакис

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

Ципрас бара оставка од Мицотакис

А1он