А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Средба ЗНМ-Дезир: Подобрена безбедноста на новинарите, но продолжува политиката на неказнивост на напади на новинари

by А1он18/09/2018 - 16:46185
Share0

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија, претседателот Насер Селмани и директорот Драган Секуловски, во Скопје се сретнаа со високиот претставник за слободата на медиумите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Харлем Дезир.

Добивај вести на вибер

На вчерашната средбата, како што соопштуваат денеска од ЗНМ, е разговарано за безбедноста на новинарите, медиумската регулатива, како и за реформата во Македонската радио-телевизија.

Претседателот на ЗНМ, Селмани го информираше Дезир за безбедноста на новинарите која последната година се подобрува затоа што бројот на напади е драстично намален, а годинава првпат судот изрече затворска казна од шест месеци за граѓанин кој лани на протест физички нападнал двајца новинари.

Селмани изрази загриженост што во Македонија продолжува политиката на неказнивост на напади на новинари. Од околу шеесет напади, кои се случиле во изминатите шест години, 13 напади воопшто не се расветлени, а за останатите истрагата се’ уште е на самиот почеток.

Тој се пожали дека има лоша пракса полицијата да приведува новинари во полициска станица без некоја сериозна причина, а притоа МВР не води истрага за да ги утврди околностите под кои се приведени новинарите. Тој рече дека во демократски земји слободата на медиумите не може да се ограничи со арбитрарни одлуки на полициски службеници.

Во врска со измената на законската регулатива, Селмани ја поздрави подготвеноста на Владата, после референдумот, да ги повлече спорните измени на Изборниот законик и побара експертска помош од високиот претставник во процесот на измена на медиумското законодавство, со цел законите да бидат во согласност со европските стандарди.

Претседателот на ЗНМ се заложи и за сериозна реформа во Македонската радио-телевизија, која ќе помогне да се подобри квалитетот на известување на медиумите за прашања поврзани со животот на граѓаните и нивната благосостојба.

Високиот претставник на ОБСЕ вети дека одблизу ќе ги следи состојбите со слободата на медиумите во Македонија и дека ќе соработува со македонските власти со цел да се адресираат сите грижи на македонските новинари.

mediuminovinariobseznm

Би можело да ве интересира

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Горан Наумовски30/01/2026 - 13:41

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 11:18

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

Горан Наумовски02/01/2026 - 19:45

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски18/12/2025 - 21:4118/12/2025 - 21:45

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски11/12/2025 - 09:5511/12/2025 - 09:56

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски19/10/2025 - 15:3819/10/2025 - 16:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен