Средба Жерновски-Ромео: Италија останува силен поддржувач на евро-атлантските интеграции на Македонија

Од:

Заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италијанската Република во Република Македонија, Карло Ромео.

На средбата беше нагласено задоволството од успешниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Италијанската Република, со нагласок на заемните напори за натамошно зацврстување на пријателските врски.

Жерновски ги поздрави континуираните заложби на Италија за внесување нова динамика во процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, заблагодарувајќи се за принципиелната поддршка од официјален Рим за европската перспектива на нашата земја.

Амбасадорот Ромео порача дека Италија останува силен поддржувач на евро-атлантскиот интегративен пат на Република Македонија, притоа посакувајќи му на заменик-министерот Жерновски успех во извршувањето на функцијата.

На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на економските релации меѓу двете земји, како и за мултилатералната соработка.

Би можело да ве интересира

Објавени пораки на италијанските крајнодесничари: Ги споменуваат Хитлер, Евреите, воен удар

Сопругот на италијанската министерка кој исчезна во езеро е пронајден мртов

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Горан Наумовски

Влезот во Венеција може да чини и до 50 евра

Силен земјотрес во Италија – траеше повеќе од 20 секунди

А1он

Почина Франко Барези – замина легендата на Милан и на италијанскиот фудбал

Горан Наумовски