Средба Заев-Пина: С. Македонија сработи и треба да биде дел од семејството на ЕУ, силна поддршка од Португалија

Од:

Силна поддршка од Португалија и од португалското претседателство за европерспективите на Северна Македонија, била изразена на средбата на премиерот Зоран Заев со португалската амбасадорка во земјава Марија Виржиња Пина.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, било истакнато дека Португалија, како држава што гради мостови, посебно ги почитува политиките на премиерот Заев и на Владата – на создавање решенија, наместо проблеми.

– Тоа, како што е констатирано, е случај со развојот на добрососедските односи со Грција и Бугарија, но и со сработеното во реформските процеси на домашен план, поради што, Португалија, како земја којашто претседава со Советот на ЕУ, цени дека Република Северна Македонија треба да биде дел од семејството на ЕУ, стои во соопштението.

Заев изразил голема благодарност за вложувањата и за заложбите на Португалија, во рамки на португалското претседателство, за продолжување на процесот на проширување на ЕУ, преку креативните решенија, коишто нашата држава ги цени како добра основа во развивањето на односите со Република Бугарија.

– Покажавме како држава дека сме функционална мултиетничка демократија, што е силно определена кон европските вредности. Ни значи поддршката од земјите членки на ЕУ. Но, нашиот став е дека за сработеното, време е да се оддаде признание преку конкретен исчекор на нашиот евроинтеграциски пат, рече премиерот Заев.

На состанокот е заеднички констатирано дека постојат добри основи за подлабока билатерална соработка помеѓу Северна Македонија и Португалија и за унапредување на односите во економијата, културата, социјалните политики.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?