Заев до Орав: Објавување на криминалот на власта не може да биде државен удар

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав му кажал дека обврска и должност е на секој што добил докази, мора да ги објави.

„Ќе објавиме се што имаме. Објавување на докази и аргументи за криминал на власта не може да биде државен удар Не може да биде уцена и обид за државен удар легитимно барање на лидер на опозиција за формирање на техничка влада, која би обезбедила услови за спроведување на фер и демократски избори“, посочил Заев.

Претседателот Заев го информирал амбасадорот Орав за последните случувања, откако власта на Никола Груевски се обиде со политички монтирана постапка против лидерот на опозицијата да спречи објавување на аргументи и факти за нејзиното криминално владеење.

Станало збор и за Националниот сервис, МРТВ, кој, соопштува партијата, реализираше медиумска блокада на клучните изјави и ставови на СДСМ. Обраќањето на Никола Груевски го пренесе во живо, интегрално, а од обраќањето на лидерот на опозицијата пренесе помалку од 40 секунди во Дневникот.

„Начинот на известување на медиумите за овие настани, необјективно, непрофесионално и наклонето кон власта уште еднаш ја потврдува медиумската контрола на власта, констатирана и во извештаите на ЕУ“, рече Заев.

Претседателот на СДСМ му соопшти на амбасадорот Орав дека СДСМ ќе продолжи легално и легитимно да се бори за конечно враќање на слободата и демократијата во Република Македонија.

На средбата присуствуваше и. заменик претседателката Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија