Средба Заев-Мужниекс: Постои позитивна енергија во Македонија за движење на државата напред

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Нилс Мужниекс, комесар за човекови права на Советот на Европа.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мужниекс, оцени дека во Република Македонија постои позитивна енергија за движење на државата напред.

На средбата се разговараше за почитувањето на човековите права во земјава, како на планот на меѓуетничките односи, така и на планот на почитувањето на правата на ранливите групи и генерално, на сите граѓани во државата.

-Го спроведуваме успешно концептот едно општество за сите, што ја има мнозинската поддршка на граѓаните во Република Македонија. Луѓето во Македонија покажаа дека им е доста од национализми и дека она што е од интерес за сите се еднакви права и можности во здравството, образованието, институциите. Работиме на тоа, низ овозможување на реализацијата на практичните потреби на граѓаните во институциите, за да можеме да се посветиме целосно на изградбата квалитетен социјален систем и отворање нови работни места, тоа што е суштинска потреба на сите граѓани, без разлика на каква било различност, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, додаде дека успешниот модел за функционирање на Република Македонија како вистинска мултиетничка држава, го обезбедува и патот на земјата кон Европската унија и кон НАТО.

На средбата се поздравени реформските процеси во областите што се однесуваат на почитувањето на човековите права.

Би можело да ве интересира

Косово може да стане членка на Советот на Европа

Дик Марти почина на 79-годишна возраст

Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Николоски: Македонците во Бугарија се лишени од правото на самоопределување, јазик, образование и здружување

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов