А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Средба Заев – амбасадорите од ЕУ: Поддршка за посветеноста кон реформската европска агенда

by А1он09/06/2017 - 14:0709/06/2017 - 15:22146
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска денеска се сретна со амбасадорите на земјите членки на Европската унија.

Добивај вести на вибер

Од страна на сите амбасадори на Европската унија во Македонија, изразена е силна поддршка за определбата на премиерот Заев и на Владата кон реформска агенда што ќе ги отвори перспективите на Република Македонија кон Европа.

„Посветени сме на дефинирање краткорочна и среднорочна агенда за ургентните реформски приоритети. За тоа ќе разговарам и со еврокомесарот Хан во Брисел. Евро-атлантските интеграции се стратешка цел на Македонија и интерес на граѓаните на Македонија е да добие демократски институции“, рече претседателот на Владата, Заев.

Како клучни области во коишто се потребни итни реформи заеднички се посочени судството, медиумите, обезбедување независни професионални институции, функционалност на Парламентот.

На средбата беа поздравени инклузивните политики на премиерот Заев и на новата Влада и беше пренесена порака на оптимизам од Брисел, дека Владата на Македонија ќе ја постави државата на европскиот пат. Како значајна, беше нагласена определбата на премиерот и на Владата, Република Македонија да биде европска земја.

„Владата на Република Македонија и јас како премиер сме подготвени во интерес на потребите на сите граѓани на Македонија да соработуваме со опозицијата и со претседателот на државата. Исто така насочени сме кон соработка со цивилниот сектор и со сите други општествени чинители, затоа што само заедно можеме вистински да придонесеме кон развој на Македонија, а со тоа и да обезбедиме квалитетен живот за сите граѓани во државата“, рече премиерот Заев.

На средбата со амбасадорите, претседателот на Владата на Република Македонија, во име на граѓаните на Македонија, изрази благодарност до земјите членки на ЕУ за помошта и поддршката на принципиелно и пријателско ниво што и ја даваат на државата, во развојот на демократските процеси.

euvladaZaev

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 14:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто