Средба Заев – Дерала: Транспарентност, итни реформи и обновување на интегративните процеси

Од:

Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода се сретна со Зоран Заев, Претседател на СДСМ на 9 март, доцна попладне, со цел од прва рака да се запознаат меѓусебно со актуелните активности и напорите за надминување на кризата во земјата. На самиот почеток на средбата, претставникот на ЦИВИЛ му ги достави двата опширни извештаи „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“ и „Избори 2016“, како и препораки кои произлегуваат од долгорочниот мониторинг на изборите, политичкиот процес и човековите права.

На средбата стана збор и за процесите и преговорите за формирање на влада, за опструкциите и манипулациите во јавноста, како и за потребата за транспарентност на процесите и предизвиците во овој период. Притоа, лидерот на СДСМ отворено и во детали говореше за актуелните процеси и ја поддржа заложбата за потполна транспарентност на сите чекори во овој правец.

Во името на ЦИВИЛ, Дерала ги повтори заложбите и повиците на организацијата за итно продолжување на работата на Собранието и формирање влада која ќе се зафати со итни реформи и суштински проблеми, да се обноват интегративните политики на земјата на внатрешен и надворешен план, а како важен сегмент, се истакна и потребата од максимална поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

На средбата Заев – Дерала се претставија и наодите на ЦИВИЛ за постизборната злоупотреба на јавните ресурси, администрацијата и медиумите, за национализмот, поделбите и политичката дискриминација, како и за локалните избори.

Дерала потсети и на низа други препораки во текот на постизборниот период како што се барањата институциите да ги земат предвид наодите и препораките од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ и да спроведат итна истрага за нерегуларностите, одговорност од ДИК за големите пропусти во спроведувањето на изборниот процес, како и итна ревизија на Избирачкиот список.

ЦИВИЛ е на располагање и на други политички партии, како и на релевантните институции, да ги претстави своите наоди и препораки кои произлегуваат од мониторингот и анализите на изборниот процес и напорите за надминување на политичката криза во Република Македонија, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он