Средба на Жерновски со сопствениците на кафулињата од улица „Ленинова“

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, имаше средба со сопствениците на кафулињата на улица “Ленинова“. Заеднички е договорено да се отстрани незаконски поставената урбана опрема, која е поставена со одобрение од град Скопје, во растојание до 2,5 метра од ивицата на тротоарот.

И сопствениците на локалите увидоа дека поради терасите кои се протегаат до самиот крај на тротоарите и паркираните автомобили од двете страни на улицата, граѓаните на најфреквентната дебармаалска улица мораат да се движат по коловозот, со што беше загрозена нивната безбедност, а и целиот простор е загушен.

Оваа средба доаѓа по жалбите од жителите на овој дел од Центар, но и од сите кои минуваат по оваа улица.

Надлежните во општина Центар ќе реализираат вакви средби и акции секаде каде што има незаконски поставена урбана опрема.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел