Средба на Заев со премиерот на Малта, Мускат: Создавање услови за интензивирање на економската соработка

Од:

Премиерот на Малта, Џозеф Мускат на денешната средба со македонскиот премиер, Зоран Заев, ја поздрави иницијативата од Македонија за договор за олеснувања помеѓу двете земји во делот на двојното оданочување, како важен чекор во развојот на економската соработка,

Премиерот Заев упати покана за инвестирање во Македонија и претстави некои од економските мерки што ги спроведува Владата за да ги заинтересира домашните и странските инвеститори. Премиерот на Малта, Мускат, се интересираше за областите во коишто Македонија има најголема потреба од инвестиции.

На средбата се разговараше за интензивирање на односите помеѓу двете држави на неколку полиња, меѓу коишто посебен фокус беше ставен на унапредување на соработката во областа на здравството и енергетиката. За таа цел од страна на премиерот на Малта, Мускат, е упатена покана за министерска посета од Владата на Република Македонија во Република Малта, со цел да се разменат искуства во овие области и да се разгледаат начините на соработка.

-Определени сме за евро-атлантска иднина на државата и сите мерки и реформи ги насочивме кон обезбедување квалитетен живот за граѓаните, низ интензивирање на регионалната и добрососедската соработка, како и развој на пријателските односи со земјите членки на ЕУ и НАТО. Оттука со право очекуваме скорешна покана за НАТО и тргање на условеноста на препораката за членство во ЕУ, што ќе придонесе дополнително кон стабилна економска клима, на што и сега работи Владата, рече премиерот Заев на средбата со неговиот колега од Малта, Мускат.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев