Средба на Заев со бугарскиот претседател Радев: Постојат отворени можности за напредок на Македонија и регионот

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Заев прими честитки од бугарскиот претседател Радев за стапувањето на должност претседател на Владата на Република Македонија. Претседателот на Бугарија, Радев, во новата реформска Влада на Македонија гледа можности за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Бугарија, а изрази и поддршка на евро-интеграциските аспирации на Македонија.

„Владата на Македонија е цврсто определена низ потребните реформски процеси и развивањето на добрососедските односи да го осигура патот на Република Македонија кон стратешките цели, ЕУ и НАТО. Република Македонија и Република Бугарија споделуваат иста визија за регионот, интеграција во европските и евро-атлантските структури и среќен сум што постои свесност и одговорност од двете страни за постигнување напредок. Во таа насока очекувам поддршка од нашиот сосед Бугарија за европските перспективи на Македонија, по преземањето на претседателството на ЕУ, од страна на Република Бугарија во јануари 2018“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Бугарија, Радев констатираше дека развојот и напредокот на Македонија е важен за балканскиот регион и за Европската унија, бидејки ги покажува позитивните ефекти од процесот на евроинтеграциите.
Бугарскиот претседател Радев, по премиерот Борисов, ја потврди поддршката од Бугарија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Претседателот на Владата, Заев и претседателот на Република Бугарија, Радев се согласија дека преку искрена и реална взаемна почит и доверба и зрели политики на меѓусебна отвореност се отвора простор за соработка на политичко ниво, но и во други важни области за граѓаните на двете земји, што дополнително ќе ги зближи и развива добрососедските односи.

Премиерот Заев соопшти дека Република Македонија има интерес за отворање нови гранични премини, со што ќе се олеснат комуникациите меѓу луѓето. Посочени се можности во инфраструктурното поврзување, во областа на трговската размена, во областа на културата.

Претседателот на Владата на Македонија, Заев, по средбата со бугарскиот претседател Радев, беше во посета на Археолошкиот музеј на Бугарија. Претходно премиерите на владите на Македонија и Бугарија заеднички се поклонија пред споменикот на Цар Самуил во Софија, како уште еден доказ за меѓудржавното пријателство за кое што има волја и определба да се надградува од двете страни.

Посетата на премиерот Заев и владината делегација на Бугарија која што е во тек, поминува во пријателска атмосфера и со огромен медиумски интерес.

Би можело да ве интересира

Кирил Петков: Нема да коалицираме со ГЕРБ и ДПС

Ана Ололовска

Паралелно пребројување на 100 отсто: ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија

Ана Ололовска

„Алфа Рисрч“: Седум партии во следниот бугарски парламент

Ана Ололовска

Социолози: Излезноста на гласачите во Бугарија е помала за 3 до 5 отсто во споредба со ноември 2021 година

Ана Ололовска

Според излезните анкети, ГЕРБ-СДС победува на предвремените парламентарни избори во Бугарија

Ана Ололовска

Излезноста на парламентарните избори во Бугарија до 16 часот е 25,58 отсто

Ана Ололовска