Средба на Спасовски со регионалниот директор за Југоисточна Европа на Глобална иницијатива против транснационален организиран криминал

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со Валтер Камп, регионален директор за Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал, на која се разговарало за активностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Како што соопштија од МВР, на средбата било разговарано за зајакнување на соработката на МВР со организациите од граѓанскиот сектор, од аспект на постигнување обединетост во напорите и на овие организации и на државните институции, со оглед на фактот дека кога се работи за борбата против организираниот криминал и корупцијата, неопходна е заедничка позиција и соработка.

Министерот Спасовски и регионалниот директор за Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал договориле и воспоставување конструктивна меѓусебна поддршка и во однос на меѓународните и регионалните организации кон кои има пристапено Министерството за внатрешни работи. цр/лв/

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари