Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Република Турција

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска одржа работна средба со амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара.

Амбасадорката Еркал Кара му честиташе на Спасовски за изборот за министер за внатрешни работи и му посака многу успех во извршувањето на неговата функција.

Министерот Спасовски се заблагодари за честитките и воедно изрази големо задоволство од досегашната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји.

Соговорниците ја искажаа својата подготвеност соработката да продолжи и во иднина, и таа да биде продлабочена преку потпишување на билатерални договори во областите кои се од интерес на граѓаните. Тие разговараа и за соработката која се однесува на спроведувањето на обуки и тренинзи за македонските полицајци, што беше оценета како успешна.

Би можело да ве интересира

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ