Средба на министерот Фазлиу со амбасадорот на Франција Кристиан Тимоние

Од:

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска го прими амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, г. Кристиан Тимоние.

На средбата, министерот Фазлиу ги афирмираше приоритетите на Владата во областа на локалната самоуправа и регионалниот развој, како и подготвеноста од отварање на нови форми на соработка.

Амбасадорот на Франција, г. Тимоние истакна дека Република Франција е подготвена да ја поддржи Република Македонија во остварувањето на реформските цели за членство во НАТО и во Европската Унија. На овој план беше истакната можноста од конкретна соработка меѓу општини од двете земји, како и размена на искуства за поттикнување на регионалниот развој.

Како позитивно, беше издвоено искуството од соработката со Нормандија, преку која шест општини од Република Македонија остварија соработка со општини од Франција.

Министерот Фазлиу се заблагодари за покажаниот интерес и побара контактите да продолжат на техничко ниво заради прецизирање на областите и начинот на соработка од интерес за двете земји.

Би можело да ве интересира

Дуров: Макрон ја претвора ЕУ во дигитален гулаг

Портокалово предупредување за снег и мраз во Франција

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Франција – петмина се повредени

А1он

Франција: Париз има услов за Америка, сакаме безбедносни гаранции

Дронови прелетуваа над француската нуклеарна база, армијата отвори оган