Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска имаше работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Ваутер Пломп.
На средбата, информираат од МЖСПП, двете страни изразија задоволство од досегашната добра соработка помеѓу двете држави во областа животна средина, по што развија дискусија за состојбите во заштитата на животната средина, а беа разгледани и можностите за унапредување на соработката и размена на искуства, како и координирање на заедничките активности меѓу двете држави.