Средба на министерката Шекеринска со амбасадорот на САД Бејли

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли денеска оствариле средба на која, како што соопштија од Министерството за одбрана било заклучено дека двете држави имаат блиската и плодна соработка во областа на одбраната и безбедноста и дека во таа насока ќе продолжат да се развиваат односите и во иднина.

– Министерството и Владата на Република Македонија ја ценат политичката и воената поддршка од САД која е константна и која помогна да се обликува Армијата и одбранбениот систем. Нашата стратегиска определба е полноправното членство во НАТО и во Европската Унија, рече министерката Шекеринска.

Според неа, Македонија е горда што беше еден од иницијаторите на Јадранската повелба, но и дека од денешна перспектива фрустрира што сите останати земји-членки освен Македонија се дел од НАТО Алијансата.

– Напорно ќе се работи на модернизација на Армијата, и повторно ќе се разгледаат приоритетите во областа на одбраната со конкретни рокови за нивна реализација. Во оваа насока добредојдена е сета поддршка од страна на партнерите како САД, додаде Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он

Средба на Шекеринска со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт

А1он

Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат

А1он

Адмирал Бурк по средбата со Шекеринска: Имавме многу продуктивни разговори, благодарност за учеството во КФОР

А1он