Средба на министерката Шахпаска со претставници на МАПАС

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска имаше работна средба со претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), со кои, како што пишува на нејзиниот фејсбук профил, разговарале за тековните и идни активности на самата агенција и реалната слика во нашата држава.

dobivaj vesti na viber

-Од МАПАС посочија дека од 2019 година зголемен е опфатот на населението во вториот столб, над 50 проценти од вкупното активно население се членови на вториот столб. Членовите во вториот столб се релативно млади лица кои имаат можност за долгорочно штедење на средства на нивните индивидуални сметки, за идна пензија. Третиот столб пак брои двојно помал број од вториот односно околу 25 илјади, пишува министерката на ФБ.

Од МАПАС иформирале дека дигитализацијата е она на што интезивно се работи изминатиот период, со цел граѓаните ги имаат информациите достапни во секое време.

-Она на кое што потребно е повеќе акцент да се стави е поголема информираност на населението и запознавањето со самите пензиски фондови и придобивките од нив. Соработката со МАПАС продолжува и понатаму на полето кое во интерес на сите вклучени страни, пишува денеска министерката за труд и социјална политика на ФБ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска од Берово: Преку унапредување на правата и услугите од системот на социјална заштита обезбедуваме поголема грижа за ранливите категории

Ана Ололовска

Тренчевска -Јан Коп: Холандија останува силен поддржувач на С. Македонија, заштитата на човековите права е наш заеднички приоритет

Ана Ололовска

Тренчевска: Апликацијата Сиборд претставува унапредување на инклузијата на децата со попреченост уште од најраната возраст​

А1он

МТСП: Започнува интезивна работа на новиот Закон за работни односи

А1он

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Ана Ололовска

Тренчевска: Социјалната заштита е високо на нашата агенда, грижата за граѓаните е наш приоритет

Ана Ололовска