Средба на Манчевски со Ружиќ во Блед

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска во рамките Бледскиот стратешки форум, насловен „Нова реалност“ остварил средба со српскиот колега Бранко Ружиќ.

На средбата министрите разговарале за реформите во јавната администрација во Србија и Македонија. Министерот Манчевски бил заинтересиран за испекцискиот надзор во Србија, реформа која допринела инспекторите да работат координирано и да имаат поголема советодавна улога отколку репресивна.

Министрите разговарале и за електронските услуги во српската администрација, за кои Ружиќ нагласил дека стои на располагање да ги пренесат сите позитивни искуства со колегите од регионот.

Ружиќ го истакнал значењето на размената на искуствата и ставовите на министрите со цел, како што потенцирал, регионот заеднички да напредува во дигитализација и модернизација на јавната администрација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Семејство од Центар Жупа кое живеело во Италија настрада во несреќата во Словенија

Катерина Ѓуровски

Двајца малолетници меѓу Македонците загинати во Словенија

Катерина Ѓуровски

Загинаа тројца македонски државјани во сообраќајка во Словенија

А1он

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

Јанша комплетно ја менува политиката на Словенија: Израел добива резидентен амбасадор во Љубљана