Средба на Макрадули со јапонската амбасадорка Ханеда

Од:

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска, имаше средба со амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, Кеико Ханеда.

Како што соопшти МЖСПП, на средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави во областа на животна средина, која покажа одлични резултати, како и за можностите за размена на позитивни искуства и координирање на заедничките активности меѓу двете држави.

– Исто така, Макрадули и Ханеда развија дискусија околу активностите за ратификација на Минамата Конвенцијата за жива, чии потписнички се Р. Македонија и Јапонија, при што за Македонија се приоритетни поддршката, знаењето и искуството кои Јапонија сака да ги сподели со нашата држава, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Јапанскиот феномен на долговечност: 100.000 луѓе постари од 100 години

Јапонскиот атлетичар го напушти стадионот во инвалидска количка по екстремната влажност на Светското првенство

Која е тајната на долговечноста на Јапонците?

Јапонската полиција се извини на гробот на погрешно обвинет човек

А1он

Три дронови летаа во нуклеарниот комплекс Генкаи

Трамп објави трговски договор со Јапонија: Ќе инвестира 550 милијарди долари