Наследство од 1945 година: Јапонија сè уште бара мировен договор со Русија

Од:

И покрај сериозно нарушените односи со Москва, Јапонија сè уште се надева дека ќе склучи мировен договор со Русија, изјави јапонскиот премиер Санае Такаичи.

Обраќајќи се пред учесниците на 45-от Национален конгрес посветен на барањето за враќање на таканаречените Северни територии, или јужниот дел од Курилските Острови, Такаичи нагласи дека ставот на Токио останува непроменет, според медиумските извештаи.

„Ставот на Јапонија за решавање на прашањето за четирите северни острови и склучување мировен договор со Русија не е променет“, рече премиерката, изразувајќи жалење што прашањето не е решено дури ни осум децении по завршувањето на Втората светска војна.

Таа нагласи дека јапонската влада ја смета оваа ситуација за исклучително сериозна и продолжува да ја третира како еден од своите клучни приоритети на надворешната политика.

Територијалниот спор меѓу Русија и Јапонија околу јужните Курилски Острови, со исклучок на островот Уруп, останува нерешен од крајот на Втората светска војна. Москва го смета својот суверенитет над овие територии за легитимен и конечен, додека Токио ги вклучува во својата префектура Хокаидо. Токму поради овој спор двете земји досега не потпишаа официјален мировен договор.

Во овој контекст, Јапонија претходно коментираше за можноста за воведување нови санкции против Русија, што дополнително би ги затегнало веќе сложените односи меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија нема да реагира на ултиматуми, туку ќе ги штити своите интереси

Павел го повика НАТО со сила да ѝ одговори на Русија: Треба да се соборуваат дроновите и ракетите

Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад врз украинската инфраструктура

Горан Наумовски

Хакери украдоа податоци: Откриен e бројот на загинати Руси во битките за Покровск и Авдијевка

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Украина: Руските напади може да се случат во секој момент

Горан Наумовски