Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска оствари работна средба со амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец.
Како што соопштија од Министерството, на средбата Дураки и Јазбец се согласиле дека досегашната соработка меѓу двете држави покажала одлични резултати, при што успешно биле реализирани повеќе проекти и програми во областа животна средина.
Како можни проекти за идна билатерална соработка помеѓу министерствата за животна средина и просторно планирање на двете држави, биле идентификувани проекти за подобрување на интегрираното управување со водите, како и размена на искуства во постигнувањето на европските стандарди во животната средина.
Двајцата министри изразиле задоволство од досегашната соработка и подготвеност за продлабочување на истата.