Средба на Ахмети со евроамбасадорот Жбогар

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар со кого разговараше за ситуацијата во државата по настаните од 27 април и за идните чекори.

Ахмети, како што соопшти ДУИ, ги осудил актите на насилство во Собранието на Република Македонија со што ги повторил ставовите на ДУИ дека нема враќање назад.

– По изборот на претседателот на Собранието, Иванов треба да го предаде мандатот на новото реформско парламентарно мнозинство и потоа да се формира новата влада, се вели во соопштението.

Ахмети му се заблагодарил на евроамбасадорот за меѓународната поддршка и истакнал дека политичките лидери во Македонија треба да се грижат за безбедноста и стабилноста на земјата наспорти регионалните и геополитичките напори за дестабилизација.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата