Средба на Ахмети со бугарскиот амбасадор: Бугарите се реалност во Македонија и треба да влезат во уставот

Од:

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими новиот амбасадор на Бугарија во Скопје, Жељазко Радуков.

Претседателот Ахмети му честитал на амбасадорот Радуков за враќањето во Северна Македонија и го увери дека блиската соработка во поглед на европската иднина и добрососедството ќе продолжи уште повеќе. Ахмети и Радуков разговарале за преговарачката рамка на Европската унија и интеграцијата на земјата во ЕУ, како и за актуелната политичка состојба во земјата и регионот инфромираат од ДУИ.

– Преговарачката рамка одобрена од Европската унија е јасна и мора да се спроведе за да го продолжиме нашето патување кон Брисел. Бугарската заедница во Северна Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот, а од ова никој ништо не губи, напротив, сите добиваат. Приоритет на ДУИ е токму продолжување на европскиот пат, затоа уставните измени мора веднаш да се случат бидејќи граѓаните очекуваат да станеме дел од Европската Унија.

Ахмети повтори дека Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство се одредби на ДУИ и ќе се ангажира за нивна поддршка и имплементација.

Ахмети и Рудаков разговараа и за политичката состојба во земјата, при што Ахмети зборуваше за тенденцијата на власта со моноетнички легитимитет и на надгласувачкиот Уставен суд целосно да го прекрши Охридскиот договор, неговиот дух и социјалната кохезија кај нас со наметнување етничка надмоќ.

Ова е неприфатливо. „Чесните“ и претпочитани Албанци избрани од ВМРО ДПМНЕ се откажаа од Европа, но и од еднаквоста, омаловажувајќи ги и понижувајќи ги Албанците за нивните лични корумпирани мотиви, се вели во известувањето од ДУИ за средбата.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: Кој ќе одговара за 14 жртви во модуларната болница?

А1он

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ахмети размислува да се пензионира, го предомислуваат сопартијците: за Македонија вели треба да оди на предвремени избори

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски