Средба Мицкоски-Радев: Добредојдена е поддршка од Бугарија за интеграциите во ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев. На средбата се разговараше за повеќе теми важни за регионот, стратешките интереси на Република Македонија и за актуелните случувања во државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека е за развој на добрососедски односи, кои треба да се градат на реципрочна основа, и взаемно почитување, и во таа насока добредојдени се сите иницијативи кои ги рефлектираат овие заложби.

Мицкоски зборуваше и за актуелните случувања во земјава при што истакна дека загрижувачка е загрозената демократија, политичкиот терор спроведуван од власта и стангирачката економија која се одразува врз стандардот на граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е потребна интеграција во Европската Унија и НАТО, и за таа цел добредојдена е и поддршката од Република Бугарија. Тој констатираше дека за жал нема никаков напредок во поглед на реформските приоритети врзани со интеграција на државата. Иднината на регионот е во овие организации, во цврстите пријателства и меѓусебното почитување, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот