Средба меѓу градоначалниците на Штип и Прилеп

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и претставници од компанијата „Витаминка“ којашто инвестира во Општина Штип. На оваа средба се зборуваше за заеднички активности кои се приоритет на двете општини, Штип и Прилеп.

„Денеска овде во Општина Штип имаме прва ваква средба со градоначалникот на Општина Прилеп. Какошто најави тој ова е наша прва ваква средба, но не и прв контакт бидејќи ние постојано комуницираме и во рамките на ЗЕЛС со што се координираме, заедно размислуваме и заедно ги решаваме проблемите. Нашите две општини генерално се соочуваат со исти или слични проблеми.

Општина Штип и Општина Прилеп во овој момент е во фаза на гасификација или во фаза на изработка на гасификација на нашите општини со што ќе дојдеме до намалување на загадувањето, до заштеди на бизнис секторот и на граѓаните.

Во иднина ќе оствариме средба и во Општина Прилеп со што ќе можеме заеднички да ги решаваме проблемите на нашите две општини,“ изјави Бочварски.

По средбата, градоначалниците и претставници од „Витаминка“ имаа посета на фабриката „Брилијант“ којашто е во сопственост на „Витаминка“.

За време на посетата присутните беа запознаени со работата на оваа фабрика и идните чекори на истата.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му