Средба Димитров-Блок: Исходот од референдумот и резултатите од реформите се важни за приближување на земјава кон ЕУ

Од:

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок, кој престојуваше во возвратна посета на нашата земја.

Ова претставува четврта билатерална средба на министри за надворешни работи на Република Македонија и Кралството Холандија за период од 15 месеци, што претставува потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји.

На средбата беа разменети мислења за најновиот развој на внатрешно политичките состојби во Република Македонија, реформската ЕУ и НАТО агенда, регионалната соработка, како и за подготвителните активности поврзани со референдумот на 30 септември.

Димитров изрази благодарност за континуираната билатерална помош и поддршка од Холандија за реформа на јавната администрација и приближување кон европското законодавство, а во насока на реализација на стратешките приоритети на нашата земја. Континуираната поддршка од Холандија, земја која е витална и просперитетна европска демократија, за Македонија е од исклучително значење – истакна министерот Димитров.

Холандски министер Блок го поздрави постигнатиот напредок во текот на изминатата година во делот на реформската агенда за приближување на Република Македонија кон ЕУ и НАТО, посебно акцентирајќи го значењето од постигнатиот Договорот со Грција. Министерот Блок истакна дека исходот од претстојниот референдум и постигнувањето видливи резултати во домашните реформи се исклучително важни за непречено приближување на Република Македонија кон Европската Унија и ефектуирање на поканата за членство во НАТО.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ