СРД со нов правилник за плаќање на лиценцата на радиодифузните друштва

Од:

На денешната седница на Советот за радио дифузија беше изгласан нов правилник за пресметка, фактурирање и наплаќање на годишниот надоместок на дозвола за вршење на радиодифузната дејност.

Досега не беше регулиран временскиот период во кој радиодифузните друштва може да ја платата лиценцата која ја добибваа во времетраење од 1 или 9 години.

Согласно препораките на државниот завод за ревизија, од сега СРД на секоја издадена пресметка, ќе има дава рок од две недели на радиодифузерите за наплата. За оние кои во рок од 15 дена нема да платата, ќе се иницира постапка за одземање на дозволата и 15 дена дополнителен рок во кој ќе се пресметува камата. Доколку во рок од овие 30 дена не бидат регулирани сметките, на радиодифузното друштво ќе му се одземе дозволата за работа.

Вака според СРД за најмалку 12 пати ќе се намалат трошоците кои сега ги има Советот.

Недефинирање на правилата досега според членовите на СРД доведувале до нееднаков третман на радио-дифузните друштва и големи финансиски загуби на Советот.

За фактурите кој ги издал СРД, потоа согласно законот мораа да платат ДДВ во Управата за јавни приходи. Претседателот на СРД Зоран Трајчевски изјави „ Дел од радиодифузните друштва ги изгубија дозволите, по што советот иако законски имаше основа да ги наплати средствата, но реално не можеше, бидејќи радиодифузерите кој прекинаа со работа немаа ниту средства, ниту имот за присилна наплата. Потоа се доведувавме во ситуација средствата кои ги прибиравме од радиодифузерите кои ги плаќаа навреме своите дозволи, го плаќавме ДДВ-то на оние кои ги загубија“.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски

Промовиран Водич за интегритет на медиумите: Испреплетеноста на медиумската сопственост со уредништвото предизвикува сериозна загриженост околу новинарската независност