СРД ја казни Канал 5 со три дена забрана за рекламирање

Од:

Советот за радиодифузија на ТВ Канал 5 и изрече мерка три дена забрана за рекламирање и телешопинг.

„Анализата на емитуваниот промотивен спот, што имал првична цел да најави нова серија покажа дека ТВ Канал 5 го има прекршено членот 87 од Законот за радиодифузната дејност, односно овој радиодифузер емитувал рекламен спот за самопромотивни цели, кој е невистинит (лажна авионска несреќа) и ја заведува јавноста (емитување промотивен спот во форма на вонредни вести), изјави Селвет Ајдини, член на Советот.

Констатирано е и прекршување на законот со тоа што ТВ Канал 5 во реклама за самопромотивни цели користи лице кое редовно презентира вести со што е прекршен членот 105 од законот.

Многу граѓани се јавиле во Советот, вознемирени од веста, а извинувањето било доцна објавено.

Повеќе од изјавите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски