СРД: Извинување од „Пинк“ за БЈРМ, па дозвола за работа

Од:

Белградска „Пинк“ телевизија, треба да се извини зошто место уставното име, ја именуваше нашата држава со БЈРМ, ова е ставот и одговорот на Советот за радиодифузија, до кабелскиот оператор СИЗ МK НЕТ, преку кој е побарано во Македонија да бидат реемитувани четирите телевизии – „Пинк плус“, „Пинк екстра“, „Пинк мјузик“ и „Пинк фолк“.

СРД бара и телевизијата да го плати долгот кон Советот, кој изнесува околу два милиони денари и да ги исплати 8-те плати на поранешните вработени од „Пинк 15“.

Советот за радиодифузија побара и измени во Законот за радиодифузија. Сметаат дека измените, можат да го подобрат работењето на телото, но и да придонесат кон поквалитетни и поодговорни медиуми.

СРД предлага казна за авторите на емисии, а не за медиумот, како што е сега.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски