СРД бара партиите да ја почитуваат неговата независност

Од:

СРД реагира на прес конференцијата на СДСМ, и бара политичките партии да ја почитуваат неговата незавиност

Советот за радиодифузија  ги отфрла обвинувањата на СДСМ за реемитувањето на австралиската телевизија „Бест оф Маседониа“ (БОМ) .

„СРД, го спроведува Законот за радиодифузната дејност подеднакво кон сите домашни радиодифузери, а во однос на реемитувањето на странските канали во целост ги почитува како домашните закони, така и странските директиви и конвенции, што исто така важи и за реемитувањето на австралиската телевизија „БОМ“, стои во реакцијата на СРД.

Советот ги повикува сите политички субјекти во земјата да се воздржуваат од вршење присток врз него како независно регулаторно тело.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски