Спроведена акциска контрола во Битола, приведени дилери на дрога

Од:

На 8/9.10.2022 во Битола, при извршена акциска контрола од полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, Полициската станица за безбедност на сообраќајот и Полициската станица од општа надлежност од СВР Битола, биле лишени од слобода три лица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Имено, на ул.„Никола Тесла“ бил лишен од слобода Н.Т.(21) од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана и други предмети со траги од дрога. Во битолската населба Горно Оризари биле лишени од слобода М.И.(29) и А.М.(29), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана и други предмети со траги од марихуана.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага против седум лица за улична продажба нa дрога во Скопје

Предраг Петровиќ

Полициска акција во Скопје, приведени 28 дилери

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Обвинителството бара притвор за двајца дилери од Скопје и Велес

Полициска акција: Пронајдена лабораторија за дрога, се апсат дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Продавале дрога на деца пред училишта, во шарени кутивчиња за да ги залажат – Уапсени 230 дилери во Албанија

Анита Петровска Рајковиќ