Уапсени се двајца дилери во Скопје – кај нив најдени се над 11 килограми марихуана и 400 грама кокаин

Од:

МВР информира дека вчера од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршен е претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно беа лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

При претресот извршен по добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола, халуциногени печурки.

Лицата се задржани за понатамошна постапка, а од страна на ЕНТ до надлежното ОЈО е поднесена кривична пријава во итна постапка.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

Обвинителството со детали за апсењето на тројца дилери од Скопје

Горан Наумовски

Спроведена акциска контрола во Битола, приведени дилери на дрога

Приведени двајца дилери на дрога од Скопје