Спремна уште една градба во шумата на Водно, идејниот проект засега одбиен

Од:

Општина Центар во септември годинава добила барање за одобрување идеен проект за објект на парцела веднаш до онаа на која вчера почна оградување градилиште во продолжение на улицата Питу Гули на Водно. Идејниот проект општинарите не го прифатиле, но не поради тоа што не ги исполнувал условите или поради судскиот процес „Плацови на Водно“  туку поради грешка во урбанистичкиот план.

„Утврдена е техничка грешка во Деталниот урбанистички план и поради тоа идејниот проект не добил одобрение. Се работи за парцела во приватна сопственост. Сопственикот Богдан Георгиевски побарал одобрение на идеен проект на 21.09. 2021 година. Се работи на исправка на грешката во планот“, велат од Општина Центар.

Не откриваат каква техничка грешка е направена, но тврдат дека поради технички грешки многу често се прават исправки на плановите.

„Беа разлика што се работи за техничка грешка, планот повторно мора да ја помине процедурата односно да го одобрат планерите, па да го одобри Советот на Општина Центар“, објаснуваат од Центар.

Жителите вчера алармираа дека на соседната парцела почнува изградба на објект поради кој ќе се сече дел од шумата и покрај тоа што нема пристапен пат. Инспектор од општинската градежна инспекција по допрен глас направи увид, а Општината кусо извести дека не станува збор за градење туку за оградување на парцелата на која сопственикот, компанијата „Маркеза“, има правосилно одобрение за изградба на објект за индивидуално домување.

По алармот од жителите, „Шанса за Центар“ побараа да сопрат градежните активности на Водно додека не заврши судскиот процес „Плацови на Водно“ за законитоста на постапките за продажба на земјиштето.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов