Општина Центар: На Водно не се гради туку се оградува градилиште, дополнително ќе се бара решение за состојбата

Од:

Градежната инспекција на Општина Центар по алармот од утрово на водњанци дека претпразнично се подготвува градба во шумата, утврди дека сопственикот на земјиштето не градел, туку се оградувал. Од Општината велат дека доправа ќе бараат решение на состојбата оти жителите се против нови градби во шумата во продолжение на улицата Питу Гули, а сопственикот на земјиштето веќе има важечко одобрение за градење.

„По извршениот увид од страна на овластен градежен инспектор, постапувајќи по Законот за инспекции, утврдено е дека инвеститорот, ’Маркеза ДООЕЛ’ не врши градежни дејствија, туку се работи за оградување на плацот, кој е во негова приватна сопственост. Општина Центар ќе изврши консултации со засегнатите страни и дополнително ќе се разгледа проблемот и заедно со надлежните институции, Градот Скопје и во соработка со жителите ќе се бара решение за состојбата во овој дел од општината“, велат од Општина Центар.

Општинарите известија дека за оваа градба, поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ одобрението го издал во април годинава.

„Од инспекцискиот надзор утврдено е дека инвеститорот, ’Маркеза ДООЕЛ’, поднел барање за издавање на дозвола за градење на 17.12.2020. Градежната дозвола му е издадена на 7.4.2021, а истата станала правосилна на 8.6.2021 година, потпишана од страна на поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ“, извести Општина Центар.

Од Општината немаат одговори на прашањата дали ќе го стопираат или поништат одобрението за градење оти до парцелата која утрово се оградуваше нема пристапен пат. Нагласија дека пат е предвиден со планот, но за случувањата на терен допрва ќе решаваат.

Жителите се револтирани оти на сите досегашни средби со општинарите им било ветувано дека ќе ги спречат новите градби.

Денес и „Шанса за Центар“ јавно побара да сопрат градежните активности на Водно се додека не заврши судскиот процес „Плацови на Водно“ за законитоста на постапките за продажба на земјиштето.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов