Дваесет и четиригодишна девојка од Струмица завчера околу 23 часот се обидела со скокање од балкон на зграда на бул.„Видое Смилески Бато“, да изврши самоубиство.
МВР соопшти дека по претходна пријава дека непознато женско лице се обидува да изврши самоубиство со скокање од балкон од зграда, од страна на Единицата „Алфа“ по преземени мерки насилно била отворена вратата по што на балконот затечена била жената која била спречена во намерата да изврши самоубиство.
По извршениот разговор утврдено е дека таа неколку месеци живеела со М.А. (31) од Скопје со кого подолго време имале меѓусебни недоразбирања. Истиот ден околу 18 часот тој излегол од станот и ја заклучил по што таа по некое време се обидела да изврши самоубиство.
Од страна на полициски службеници М.А. е приведен и извршен е разговор, а по целосно расчистување ќе следи соодветен поднесок.