А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Спречен увоз на 63 тони заразено пилешко месо од Полска

by А1он29/07/2020 - 15:50519
Share0

Спречен е увоз на 63 тони пилешко месо од Полска за да не се внесе вирусот на високо патогена инфлуенца во земјава, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Се работи за три пратки механички обескостено пилешко месо (МОМ) кои требало да се „протнат“ преку граничниот премин Табановце.

Следете a1on на Instagram Instagram

Увозот е спречен, а пратките се нештетно уништени на депонијата Дрисла, велат од АХВ.

– Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство беа дел од големата акција ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ и Еуропол, во која Република Северна Македонија учествуваше заедно со уште 82 држави. Акцијата се реализира од декември 2019 до јуни 2020 година, а акцент беше ставен на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци. Во рамки на законски дефинираните надлежности, официјалните ветеринари на граничен премин, во насока на заштита од внесување на вирусот на високо патогена инфлуенца во Република Северна Македонија, спречија увоз на три пратки со по 21 тон механички обескостено пилешко месо кои потекнуваат од региони во Полска кои поради оваа болест се забранети за увоз, велат од Агенцијата.

Во март годинава инспекциските служби на Агенција, во рамки на акцијата ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ И Еуропол, утврдија недоследност и кај еден оператор со храна кој увезол над 20 тони преработки од месо по потекло од Холандија. Кај него со лабораториските испитувања е утврдено дека постојат неусогласености кај декларираниот производ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од вкупно увезената количина месни преработки, околу 17 тони се вратени на извозникот од Холандија, а повеќе од 1,7 тони преработки од месо увезени во март годинава, се нештетно уништени.

ahvpilesko mesosverc

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски26/10/2026 - 10:3826/10/2026 - 10:39

Продолжуваат контролите на зелените пазари

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 09:58

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски17/10/2026 - 10:1317/10/2026 - 11:01

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он10/10/2026 - 12:54

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 13:4626/09/2026 - 13:57

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он25/09/2026 - 17:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео