Спречен шверц на марихуана и огнено оружје од албанска на македонска територија

Од:

Aлбанската полиција привела жител на Паскуќан, Тирана, при обид со своето такси возило во Северна Македонија да прошверцува марихуана и огнено оружје со муниција.

– Финализирана е полициската акција под шифра „Таксист“ во која е уапсено лицето М.М.(51) откако при контрола на возилото со кое вршело такси превоз се откриени 8,2 килограми марихуана и автоматско огнено оружје „Скорпион“ со муниција. Истите беа спакувана во две вреќи и ставени во патнички торби. Возилото е запрено во близина на Поградец а крајната дестинација на запленaта била Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Се додава дека акцијата е дел мерките изготвени во рамки на оперативниот план „Владеење на правото“, за спречување, откривање и сузбивање на граничниот криминал.

Ова не е прв обид за шверц на марихуана од албанска на македонска територија, од овој дел на Албанија, но најчесто нарко-шверцерите тоа се обидуваат да го направат со чамци преку Охридското Езеро.

Неодамна полицијата од Поградец запленети околу 30 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана со рибарски чамец, а на сопственикот за транспорт на дрогата требало да му платат по 500 евра по килограм.

Би можело да ве интересира

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски