Спречен шверц на 340 пакети со лекови од Македонија во Косово

Од:

Косовската полиција спречи шверц на 340 пакети со лекови, кои од Македонија на илегален начин биле внесени на косовска територија, од за сега се уште непознати лица.

Полицијата не успеала да ги уапси шверцерите, кои успеале да и избегаат во густата шума кај месноста Вражевирски Мост во селото Сечиште, во близина на преминот Блаце (Генерал Јанковиќ) на косовско-македонската граница.

-Неколку се уште неидентификувани лица, кои од македонска на косовска територија пренесле голема количина лекови, успеале да и побегнат на полицијата, која води интензивна потрага по нив во соработка со македонската полиција. Лицата тргнале од Македонија и илегално на косовска територија внеле 340 пакети со лекови, вакцини, ампули, јави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.

Повикувајќи се на полициски извори весикот наведува дека акцијата на полицијата била реализирана ноќта меѓу 8 и 9 април, но во интерес на истрагата за неа информирала денеска попладне.

Според портпаролот на Царинската управа на Косово Адриатик Ставилеци, запленетата стока била предадена на царинските работници на преминот Блаце. Лековите, додава тој, немале никаков вид баркод.

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он