Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло

Од:

Царинските службеници на Ќафасан спречија обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни. Против сторителите се поднесени кривични пријави до Јавно обвинителство.

„На влез во државата на граничниот премин Ќафасан пристигнале две товарни возила со цистерни коишто се пријавиле за транзит. Испраќач на стоката е фирма од Албанија, а примач фирма од Република Северна Македонија. Поради сомневање во поднесената документација и видот на декларираната стока товарните моторни возила се задржани за понатамошна контрола. Притоа земени се и мостри за лабораториско испитување. Од добиените резултати од направената лабораториска анализа, како и од извозните документи добиени во соработка со албанската царинска администрација, е констатирано дека во двете товарни моторни возила – цистерни, наместо декларираното базно масло, има дизел гориво за кое увозните давачки во Република Северна Македонија се поголеми, односно дека е направен обид за избегнување на давачки во поголем износ при увоз на акцизна стока. Вредноста на вкупната количина на дизел горивото во двете цистерни изнесува 3.121.626 денари за што царинските давачки изнесуваат 1.745.327 денари. Возилата и горивото се привремено одземени и против сторителите се покренати соодветни судски постапки за кривично дело царинска измама“, извести Царината.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Дизелот надмина 100 денари

Поевтинуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Неуспешен обид за изнесување 64.000 евра преку Табановце

Горан Наумовски

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор